Продажба на нови автомобили

Bez autora
May 22 2011

За осум проценти намалена продажбата на нови возила годинава, во однос на лани, покажува најновата статистика на увозниците. Во првите три месеци се продадени 1.770 автомобили, лани во истиот период се продале 1.926 возила. Слабата куповна моќ, ригорозните банкарски кредити и зголемената граница за увоз на поволни возила, се главните причини зошто и годинава, граѓаните помалку купуваат половни возила, коментираат луѓето од автомобилскиот бизнис. Во годината која што продажбата беше во највисоко ниво, во Македонија во 2008 беше полиберална банковната политика према граѓаните. Значи не само каматните стапки, туку и либералното одобрување на кредити. Беше по флексибилно и граѓаните можеа полесно да дојдат до кредит за автомобил.

Продажба на нови автомобилиЗа осум проценти намалена продажбата на нови возила годинава, во однос на лани, покажува најновата статистика на увозниците. Во првите три месеци се продадени 1.770 автомобили, лани во истиот период се продале 1.926 возила.

Слабата куповна моќ, ригорозните банкарски кредити и зголемената граница за увоз на поволни возила, се главните причини зошто и годинава, граѓаните помалку купуваат половни возила, коментираат луѓето од автомобилскиот бизнис.

„Во годината која што продажбата беше во највисоко ниво, во Македонија во 2008 беше полиберална банковната политика према граѓаните. Значи не само каматните стапки, туку и либералното одобрување на кредити. Беше по флексибилно и граѓаните можеа полесно да дојдат до кредит за автомобил“, рече Дарко Димовски, директор на Мида Моторс.

За дел од увозниците, добра вест е тоа што во регионот галопирачки расте продажбата на нови автомобили, а европските земји, Кина и Индија, веќе одамна се излезени од автомобилската криза и продажбата на автомобили денес урива рекорди.

Во Македонија позитивен сигнал е продажбата, на месечно ниво од јануари па наваму. Но состојбата е далеку од добра.

Ако се споредуваат бројките од 2008, годината автомобилскиот бум, кога се продадоа вкупно 17.700 нови автомобили. Во првиот квартал годинава, во однос на првите месеци од 2008, минусот на продажбата на возила изнесува 59 проценти.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik